Камачо доби отказ од клупата на Габон

Шпанскиот стратег Хозе Антонио Камачо не е повеќе селектор на Габон, соопшти фудбалскиот сојуз на оваа земја.

Камачо на клупата на Габон е од 2016 година кога го замени Португалецот Жорге Коста. Неговото назначување тогаш беше големо изненадување затоа што претходно три години немаше никаква фудбалска активност а притоа не зборува и француски јазик.

Габон под негово водство запиша само две победи во 17 натпревари, па фудбалскиот сојуз се одлучи да му врачи отказ.

Камачо во својата кариера беше тренер и на Осасуна, Бенфика, Еспањол, Севилја и Рајо Ваљекано. Беше и селектор на Шпанија од 1998 до 2002 година, како и селектор на Кина од 2011 до 2013 година.

Се вчитува...