Камавинга го одбил Реал Мадрид, не е подготвен за таков голем чекор

Најмладиот француски репрезентативец, 17-годишното момче Едуардо Камавинга, кој е член на Рен, ја одбил понудата на Реал Мадрид ова лето. Тој истакнал дека се уште не е подготвен за таков голем чекор во кариерата и побарал од Зинедин Зидан и раководството на „кралскиот клуб“ најмалку уште една сезона да остане во Рен.

Реал Мадрид испратил понуда 50 милиони евра до Рен што ги задоволува финансиските апетити на францускиот клуб. Но, младиот фудбалер почувствувал дека му е потребно да стекне неопходно искуство во францускиот шампионат пред да одлучи да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.

Камавинга неодамна дебитираше и за сениорската репрезентација на Франција на натптреварите од Лигата на нации.

Се вчитува...