Камавинга паузира до февруари

На лошите вести на Реал Мадрид им нема крај. Завчера се повреди Едуардо Камавинга за време на еден тренинг во француската репрезентација. И покрај првите прогнози кои беа пауза до шест недели, сепак, се откри дека паузата ќе биде далеку подолга, и тоа 8-10 недели.

Тоа значи дека Карло Анчелоти ќе го нема играчот од средниот ред до крајот на оваа, и на почетокот на идната година. Сегашните прогнози се дека тој ќе се врати некаде во февруари, меѓутоа се стравува дека паузата ќе биде подолга.

Претходно беше познато дека Реал Мадрид останува оваа сезона без услугите на Едер Милитао и на голманот Тибо Куртоа, кои имаат скинати лигаменти. Исто така се повреди и Винисиус, и се чекаат вести околу неговата пауза.

Се вчитува...