Камбек за историја: Бостон се врати од „минус 32“, Тејтум постигна 60 поени

Бостон Селтикс по продолжение славеше над Сан Антонио со 143-140, комплетирајќи го најголемиот камбек во историјата на селтикс враќајќи се од негатива од неверојатни 32 поени.

Ова беше најголемо враќање во клупската историја на Бостон (рекордот го има Сакраменто, со камбекот од „минус 35“ против Чикаго во 2009 година), а најзаслужен беше феноменалниот Џејсон Тејтум кој посстигна фантастични 60 поени, без притоа да има ниту една загубена топка. Тејтум беше фантастичен во последната четвртина и во продолжението, постигнувајќи дури 31 поен, играјќи го најдобриот меч во својата кариера.

Со ова издание, Тејтум го израмни рекордот на Лери Бирд, кој постигна 60 поени на натпревар во 1985 година.

Се вчитува...