Холандската фудбалска ѕвезда Арјен Робен реши да ја прекине пензијата и да се активира повторно во клубот од детството, Гронинген. Тоа предизвика вистинска еуфорија кај фановите на холандскиот клуб кои за три дена купија 2.100 претплатни билети за следната сезона со цел да го гледаат некогашниот миленик.
Робен по 18 години се враќа во Гронинген, тимот од каде што започна неговата блескава кариера. Потоа метеорски напредуваше преку трансферот во ПСВ Ајндховен. Следеа настапи во Челси, Реал Мадрид и во Баерн Минхен, по што Робен одлучи да замине во пензија. Но, 36-годишниот крилен напаѓач многу брзо реши да се реактивира и ќе го носи дресот на матичниот клубм во холандското првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА