Каменица Саса ги промовираше Мирков и Георгиевски (ФОТО)

Подготвувајќи се за пролетниот дел од сезоната тимот на Каменица Саса ангажираше две нови имиња како начин и за продолжување на битката за прволигашка промоција.

Нов фудбалер во нападот е Антонио Мирков кој доаѓа од редовите на Вардар каде беше најдобар стрелец за младинскиот тим на црвено-црните. Ново име е и голманот Мики Гергиевски кој доаѓа од Плачковица, а претходно во својата кариера настапуваше и за Малеш Берово.

Во редовите на Каменица Саса и во пролетниот дел од сезоната останува Мартин Мисердовски кој е на позајмица од Работнички.

До крајот на зимските подготовки тимот на Горан Гоцевски ќе одигра уште пријателски натпревари со Шкупи и со Пехчево.

Се вчитува...