Факундо Кампацо продолжи со извонредните настапи во дресот на Црвена Звезда, помагајќи неговиот тим да слави на дуелот со Фенербахче, што сепак се покажа недоволно за „црвено-белите“ да се пласираат во четвртфиналето од Евролигата.
Тој се врати од НБА-лигата и од бројните понуди на маса ја избра токму онаа на белградскиот клуб, а прашањето што се поставува е – дали Аргентинецот ќе остане во Црвена Звезда и за наредната сезона. На таа тема беше конкретно прашан и веднаш по синоќешниот меч со Фенер, но Кампацо не даде одговор каков што посакуваат приврзаниците на „црвено-белите“.
„Не сме разговарале уште на таа тема, мислам дека не е момент за дискусии. Сакам да се посветам само на сегашноста, да играм што повеќе натпревар и да уживам“, одговори Кампацо.
Јавна тајна е дека Реал Мадрид сака да го врати аргентинскиот плејмејкер во своите редови, а понуда за Кампацо подготвува и Анадолу Ефес, доколку Мициќ ги реализира најавите за заминување и преселба во НБА-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА