Кампацо: Ќе ја искористам интелигенцијата на Јокиќ

Аргентинскиот кошаркар, Факундо Кампацо за прв пат во својата кариера ќе одигра натпревар во НБА лигата, а поранешниот играч на Реал Мадрид вели дека се осеќа како дете и е возбуден за шансата да заигра рамо до рамо со Никола Јокиќ.

„Конечно сун овде и пресреќен сум. Во овој момент се осеќам како мало дете. Ове е сон, но нема да биде лесно. Денвер е одличен тим со одлични играчи. Ова е втор пат да се сретнам и со Јокиќ, првиот беше кога играв против него на Светското првенство. Делува како одличен играч и ќе се обидам го искористам неговата кошаркарска интелегенција. Тој прави секој играч да биде подобар и ќе се обидам да го искористам тоа“ – изјави Аргентинецот.

29-годишниот бек за прв пат се појави во НБА лигата во 2013 година, но не успеа да потпише договор со некоја екипа. Во меѓувреме заврши во редовите на гигантот Реал Мадрид кој го предводеше до две титули во Евролигата, а беше и еден од најзаслужните за освојување на „среброто“ на Светското првенство во 2019 година.

Се вчитува...