Кампацо: Останувам во Црвена Звезда, останувам за навивачите

Најголемото засилување на Црвена Звезда, Факундо Кампацо не доби дозвола за регистрација за настап во Евролигата по што се јавија гласини за можно заминување од Белград кој сепак аргентинскиот репрезентативец ги отфрли.

Тој на социјалната мрежа Твитер објави пост во кој вели дека останува во клубот, останува верен на соиграчите и навивачите.

„Останувам во Црвена Звезда. Останувам со клубот, соиграчите, навивачите и градот. Заедно да дојдеме до нови победи. Напред Звезда“, напиша Кампацо.

Аргентинецот настапувањето само во АБА лигата го искористи на фантастичен начин предводјќи ги „црвено-белите“ во Скопје против МЗТ со „ол-роунд“ проследен со 23 поени, 9 асистенции и 7 скока.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by AdmiralBet ABA League (@aba.liga)

Се вчитува...