Кан: Не ни треба Халанд, ние го имаме Левандовски

Директорот на Баерн Минхен, Оливер Кан, експресно ги прекина шпекулациите дека баварскиот гигант е подготвен да тргне во офанзива по Ерлинг Халанд. Баерн во минатото во неколку ситуации правеше шопинг во Дортмунд директно ослабувајќи го „милионерите“, но тоа нема да биде случај и со Халанд.

Кан како главна причина за ваквиот став на најтрофејниот германски гигант ја посочи финансиската криза што владее во светот на фудбалот.

„Оние кои зборуваат за Халанд, дефинитивно не разбираат колку е сериозна ситуацијата на финансиски план. Кога дојдов се беше поинаку, но коронавирусот остави силна трага и врз нормалното функционирање на клубовите. Финансискиот пакет за ангажман на Халанд е над 100 милиони евра, така што тој не е опција за нас. Баерн во следните неколку преодни рока ќе биде многу внимателен“, изјави Кан.

Воедно, германската легенда смета дека баварскиот гигант нема потреба да тргне по нов врвен голгетер кога во своите редови го има најдобриот светски играч за 2020 година, Роберт Левандовски.

„Роберт има договор со нас за уште две години. Тој само во Бундес-лигата веќе има 39 погодоци, се наоѓа на само два гола од рекордот на Герд Милер. Знаеме дека Левандовски може да игра уште неколку сезони на највисоко ниво, затоа и немаме потреба да размислуваме за доведување на Халанд“, вели Оливер Кан.

Се вчитува...