Канада ќе биде сериозно ослабена на стартот од СП 2026 откако најдобриот фудбалер на оваа репрезентација, Афонсо Дејвис, потврди дека ќе го пропушти премиерниот дуел против селекцијата на БиХ.
Левиот бек се повреди настапувајќи за Баерн на реваншот во ЛШ против ПСЖ, оттогаш не се врати на теренот за својот клуб, но Дејвис се најде на списокот на канадскиот селектор Џеси Марч.
Тој не беше ниту на клупата за резерви на синоќешниот триумф над Узбекистан од 2-0, по што Дејвис самиот пред канадските медиуми обелодени дека ќе го пропушти дуелот со БиХ на 12 јуни, прв за Канада на СП 2026.
„Првит меч, тоа нема а биде возможно. Прерано е, ризикот е преголем… но ќе видиме што ќе се случи во вториот или третиот меч, доколку ја минеме групната фаза…“, изјави Дејвис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
