Канада го освои АТП купот за 2022 година

Тениската репрезентација на Канада е освојувач на годинашното издание на АТП купот кој традиционално се игра во Австралија на почетокот на новата сезона. Оже Алиасим и Денис Шаповалов и ја донесоа победата на Канада добивајќи ги сингл мечевите во финалето против Шпанија.

Првиот поен за Канаѓаните го донесе Денис Шаповалов кој беше подобар од Пабло Карено Буста со 2-0, по сетови 6-4 и 6-3. Со истиот резултат 2-0 славеше и Феликс Оже Алиасим против Роберто Баутиста Агут (7-6 и 6-3), по што немаше потреба да се игра мечот во двојки.

Канада е третиот освојувач на ова натпреварување откако во претходните две славеа Русија и Србија.

Се вчитува...