Канада ќе игра финале со Финска на Светското првенство во хокеј на мраз

Репрезентацијата на Канада си закажа финале со Финска на Светското првенство во хокеј на мраз во Словачка откако во полуфиналната пресметка славеше против Чешка.

Канаѓаните убедливо со 5-1 (1-0 ,2-0, 2-1) ја победија Чешка со головите на Стоун, Нрс, Дубоис, Турис и Шабо. Стрелец на единствениот гол за Чешка во самиот финиш беше Захорна.

Претходно, во првата полуфинална пресметка на шампионатот Финска ја победи Русија со 1-0.

Се вчитува...