Канада може да жали: Дејвис не реализираше пенал, Куртоа одбрани (ВИДЕО)

Огромна шанса пропушти Канада да води против фаворитот Белгија. Во 10. минута Алфонсо Дејвис имаше пенал шанса, но Куртоа е херој на Белгијците и го одбрани ударот.

Канаѓаните многу мотивирани го започнаа мечот, па така упатија удар, а Караско играше со рака, по што беше досуден удар од 11 метри.

Ова е втор нереализиран пенал на Мундијалот, откако вчера Левандовски промаши, односно неговиот удар го одбрани Гилермо Очоа.

Се вчитува...