Канаје: Не бевме свои, Вардар заслужено стигна до победата

Ракометарите на Вардар стигнаа до сензационална победа на гостувањето кај лидерот на табелата во групата А, Монпелје од 25-28 во 11. коло од годинашната сезона во Лигата на шампионите.

Тренерот на Французите, Патрис Канаје по мечот изјави дека „црвено-црните“ заслужено стигнаа до победата…

„Честитки за Вардар за победата, таа е сосема заслужена. Ние бркавме резултат и имавме тежок старт, потоа ни се случија неколку повреди кои ни направија проблем и ни беше многу тешко да играме. Ако го погледнеме целиот дуел, морам да потенцирам дека победата на ривалот е сосема заслужена“, изјави Канаје.

Вардар во следното коло на домашен терен го пречекува хрватскиот ППД Загреб во клучниот настап за пласман во нокаут фазата од ЛШ, додека Монпелје ќе му гостува на германскиот Кил.

Се вчитува...