Канатларовски, Ѓуровски и Шестиќ ќе ги предводат ветераните на Црвена Звезда на пријателскиот натпревар во Охрид

Ветераните на ФК Охрид обелоденија дека договориле пријателски натпревари со ветераните на Црвена Звезда, меч што ќе биде одигран на 25 мај на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.

Според информациите од организаторот, составот на ветераните на Црвена Звезда и нивните пријатели ќе го предводат поранешните македонски селектори Драган Канатларовски и Бошко Ѓуровски, а на теренот во Охрид во црвено-белиот дрес ќе истрчаат и Милош Шестиќ, Јован Куле Ачимовиќ, Здравко Боровница, Недељко Милосавлљевиќ, Јовица Николиќ, Славољуб Јанковиќ,  Митко Стојкоски и Тони Мицески.

Ветераните на Охрид ќе настапат во состав: Данчо Целески, Благоја Буџакоски, Игор Митрески, Љубе Лескароски, Љупчо Митрески Бавча, Абиљ, Аце Велески, Аце Велјаноски, Гоце Маркоски, Слободан Булески, Веле Ѓоршески, Наум Шапкар, Гоце Илчески, Горан Настески, Христијан Димоски, Драган Бочески, Аце Толески, Ламбе Арнаудов, Стефан Здравевски Циро, Милчо Ристески, Јаким Бакулески, Илче Ристески Чоста, Дејан Лескароски и Мишко Рувинов. Екипата од клупа ќе ја предводат Драган Блажески Крчо и Насте Мише.

Напреварот помеѓу ветераните на Охрид и Црвена Звезда во четврток почнува во 17 часот, а влезот е слободен.

Се вчитува...