Канаваро: Европа им се смееше на Кинезите, а треба да учи од нив

Легендарниот италијански репрезентативец Фабио Канаваро со години наназад гради успешна тренерска кариера во Кина. Тој е предводник на повеќекратниот првак Гвангжу Евергранде, а во интервју за „Газета дело спорт“ говореше за случувањата во Кина за време на коронавирусот и за начинот на кој оваа земја успеа да се избори со болеста.

„Знам дека жителите на Европа до пред некое време им се смееја на Кинезите. А сега гледаме поинаква ситуација, Европа има огромен проблем, а Кинезите ја надминаа пандемијата. Како? Зошто? Затоа што народот ги следеше иструкциите на властите, заеднички ја надминаа кризата. Луѓето останаа дома, тоа е најважната работа, единствениот начин на кој се спречува ширењето на опасниот вирус. Кинези покажаа дисциплина и тоа им ја донесе победата во оваа битка“, изјави Канаваро.

Тој потенцира дека сега ситуацијата полека, но сигурно се враќа во нормала.

„Сега работите пак се нормални, гледаме луѓе како шетаат по улиците, седат мирни во баровите. Пред еден месец се беше поинаку, на улица гледав само полициски и амбулантни возила. Сега животот во Кина повторно е нормален, се гледаме со луѓе по улици“, вели Фабио Канаваро.

Се вчитува...