Канаваро: Реал нема шанса да го доведе Мбапе

Поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид, Фабио Канаваро е еден од оние кои сметаат дека Килијан Мбапе би бил идеално решение за кралскиот клуб, но…

„Факт е дека на Реал му е неопходен играч како Мбапе, млада ѕвезда која е подготвена да ги следи стапките на Кристијано Роналдо. Но, мислам дека нема шанса тоа да се случи. Најголемиот проблем е тоа што на сопствениците на ПСЖ не им се потребни пари. Тие се амбициозни и сакаат да ја освојат Лигата на шампионите. Токму поради тоа нема да го продаваат. Претседателот на ПСЖ е лично која сака да победува, го знам многу добро и ќе се бори до крајо да го задржи Мбапе“ – веи Канаваро, кој во моментов е тренер на Гвангжу.

Мбапе пред само неколку денови ја доби Златната копачка за најдобар стрелец во Лига 1, иако пред прекинот на сезоната постигна ист број голови (18) со Бен Једер. Француските медиуми пренесуваат дека Мбапе одлучил наградата да ја подели со поискусниот колега.

Се вчитува...