Кандидатот за нов претседател на Барселона: Меси мора да биде нашиот Џордан

Кандидатот за претседател на Барселона, Џорди Фаре изјави дека Барселона треба да го гледа Меси како што Булс гледале на Мајкл Џордан.

„На Меси мораме да му понудиме проект за да го помине целиот живот во Барселона. Мора да му дадеме улога како што Џордан имаше во Чикаго. Работиме на тоа, веќе почнавме преговори со неговите претставници и имаме предлог. Не станува збор за економски проблем, Меси веќе заработи доволно пари. Ова е љубовна приказна. Сигурен сум дека имам проект кој ќе го увери Меси“, изјави Фаре за радио Еспорт3.

За да може да го исполни својот план, Фаре претходно треба да ги добие изборите за претседател на Барселона каде кандидати се уште и: Виктор Фонт, Тони Фреика, Агусти Бенедито, Луис Фернандез и Вилахоана.

Се вчитува...