Кандрева си замина – Интер доби 2,5 милиони евра

Антонио Конте се ослободи од уште еден фудбалер на чии услуги не смета сериозно, давајќи зелено светло за заминување на Антонио Кандрева. Сампдорија ќе биде новиот клуб на поранешниот италијански репрезентативец, откако клубот од Џенова се согласи да плати 2,5 милиони евра, сума на која Интер го имаше проценето овој фудбалер.

Кандрева имаше уште една година од договорот со „нероаѕурите“, затоа и отштетата е пониска од вообичаеното, a крилниот офанзивец ќе потпише тригодишен договор со Сампдорија за плата од 1,7 милиони евра по сезона. Кандрева дојде во Интер од редовите на Лацио во трансфер вреден 22 милиони евра, четири сезони настапуваше за овој тим, играјќи 151 натпревар во дресот на „нероаѕурите“.

Антонио Конте веќе го ангажираше Ашраф Хакими како прва опција за десен бек, а се најавува дека тренерот на Интер парите од трансферот на Кандрева ќе ги искористи за ангажман на Матео Дармијан од Парма.

Се вчитува...