Канељас: Со помош на навивачите можеме до чудо против Вардар

Вардар само чудо може да го спречи да не се најде на Ф4 турнирот во Келн од Лигата на шампионите откако во првата четвртфинална пресметка против унгарски ПИК Сегед славеше со осум голови разлика.

Но, Унгарците и тоа како се уште веруваат во тоа чудо. Нескриен оптимист е и довчерашниот вардарец, Жоан Канељас кој вели дека со помош на нивните навивачи може да се стигне предноста против Вардар…

„Играв во Скопје и многу добро бев свесен за нивната публика, но и ние имаме навивачи кои можат да не понесат. Вардар, реално, не заслужи таква убедлива победа но ние самите сме виновни за тоа. Во секој случај убеден сум дека на домашен терен ќе го победиме во Вардар, но прашање е дали ќе можеме да ја анулираме предноста од осум гола разлика. Но лично јас верувам во чудо затоа што многу добро ги познавам квалитетите на нашиот состав“ – вели Канељас.

Реванш дуелот меѓу ПИК Сегед и Вардар се игра на 5. мај (недела) од 19 часот. Вардар во Скопје победи со 31-23.

Се вчитува...