Канелјас првак од шести обид: Не верував дека некогаш ќе го кренам пехарот…

ЕКИПА во Келн,

Стеван Цаневски, Игор Паневски

Жоан Канелјас долго време важеше за еден од најмалерозните ракометари во Европа откако шпанскиот бек во петте свои учества на фајналфор турнирите ниту еднаш не успеа да се закити со трофејот. Сепак, „клетвата“ падна по трансферот во Вардар, па ексракометарот на Кил веќе во својата прва сезона како член на македонскиот шампион успеа да се искачи на тронот на Европа.

И кај него, како и кај сите останати „вардарци“ задоволството по историскиот успех беше огромно.

Конечно, пехарот е мој… само мој и никој да не го допрел. Тоа е првото нешто што го помислив по голот на Чупиќ. искрено, не верував дека еден ден ќе го кренам овој трофеј, по петте претходни разочарувања. Ова дефинитивно ми е најмила титула во кариерата, заедно со онаа светски првак со шпанската репрезентација во 2013 година. Да се биде европски шампион, по толку многу обиди, чувството е навистина прекрасно“ – изјави Канељас по големиот успех.

Шпанскиот бек заработи повреда за време на овој фајналфор турнир и ќе ги пропушти претстојните квалификациски средби на својата репрезентација, против БиХ и Финска.

Се вчитува...