Канелјас: Со цврста одбрана и малку среќа, можеме да го елиминираме Вардар

Македонскиот ракометен првак Вардар во Сегедин (19 часот) ќе ја има последната битка за пласман на Ф4 во Келн. „Црвено-црните“ од Скопје понесоа залиха од осум голови (31-23), но поранешниот вардарец Жоан Канелјас, кој сега е еден од адутите на Пик Сегед, верува дека неговиот тим сепак може да ја надомести големата негатива од првиот меч. Го знае и рецептот.

„Вардар има голема предност од првиот натпревар, но ние можеме да одговориме идентично пред нашите гледачи. Јас и Македа одлично ја познаваме нивната игра, Вардар нема да се исплаши, туку ние треба да ги принудиме да грешат. Со цврста одбрана и малку повеќе среќа, која не беше на наша страна во Скопје, мислам дека можеме да ја стопиме предноста на Вардар. Има уште 60 минути за играње и се е можно, а ние ќе дадеме се од себе“, вели Жоан Канелјас.

На Ф4 турнирот во Келн веќе се пласираа Барселона и Веспрем, а последните два патници ќе се познати во текот на денешниот ден, по реванш пресметките меѓу ПСЖ и Кјелце (24-34) и Пик Сегед и Вардар (23-31).

Се вчитува...