Кансело со посебна посвета: Победа за мојата баба и за таткото на Жоао Марио

Јувентус со епски пресврт во Торино и триумф од 3-0 по поразот во Мадрид (0-2) успеа да се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Португалскиот интернационалец Жоао Кансело оваа голема победа ја посвети на посебен начин.

„Ова е голема победа. Сакам да ја посветам на оние кои веќе не се меѓу нас. На таткото на Жоао Марио, кој почина пред два дена, и на мојата баба, која замина од овој свет минатата седмица. Среќен сум поради триумфот на Јувентус, но и тажен поради загубата на блиските луѓе“, изјави Кансело.

 

Се вчитува...