Канте: Да не станев фудбалер, ќе бев сметководител

Францускиот фудбалер Нголо Канте, привлече внимание во јавноста со интервјуто во кое говореше на најразлични теми. Меѓу другото, асот на Челси откри и кој бил неговиот „план Б“ доколку не успеел во светот на фудбалот.

„Јас студирав сметководство и работите што ги учев ми беа толку лесни и логични, што доколку продолжев со студиите ќе станев сметководител. Завршив две години од ова економско образование во Франција, а после го продолжив моето школување во Англија. По краток период ги паузирав студиите, а тоа беше период кога и официјално ја почнав мојата фудбалска кариера“, изјави Канте.

Играчот на Челси зборуваше и како го засакал фудбалот, односно кој бил неговиот идол.

„Бразилецот Роналдо. Неговите голови ги имав на ‘ЦД’ и постојано ги гледав на компјутер. Подоцна се појавија интернет платформи кои ги прикажуваа неговите игри, па секој ден пред станување и легнување ги гледав неговите дриблинзи, движења и неверојатни голови. Тој дефинитивно е еден од моите омилени играчи, покрај Марадона“, потенцираше францускиот репрезентативец.

Н’Голо Канте се потсети и на најубавите моменти што досега ги имал на теренот.

„Најсреќен бев по постигнувањето на првите голови во секој клуб во кој што сум настапил. Се сеќавам на мојот прв гол во детскиот тим, а тогаш имав 10 години. Не бев дадел цела година гол. На еден натпревар ја почувствува големата среќа, откако од страна леташе топката накај мене, а јас бев прецизен со глава. Во тој момент, од среќа почнав да трчам низ целиот стадион заедно со моите соиграчи. кои трчаа по мене и ме следеа! Овој мој прв гол е еден од најубавите моменти во мојата кариера, тој момент ќе го паметам засекогаш“, заклучи Н’Голо Канте.

Се вчитува...