Канте го откачи ПСЖ: Челси е мојот клуб, овде сум како дома

Раководството на ПСЖ се надеваше дека со ангажманот на Нголо Канте ќе го зацврсти средниот ред во својот тим, но овој трансфер нема да се реализира бидејќи францускиот репрезентативец воопшто не планира да се врати во татковината. Имено, поранешниот ас на Лестер јасно стави до знаење дека е среќен во Челси и нема намера да ги менува клупските бои.

„Зошто би си заминал? Јас сум дома, ова е мојот клуб, јас сум играч на Челси. Ова ми е втора година овде, лани ја освоивме Премиер-лигата, а сега настапувавме во ЛШ. Целта ни е да се бориме за Топ 4 за повторно да играме во ЛШ, ќе сторам се за да помогнам, но и доколку тоа не се случи јас нема да си заминам“ – истакна Канте.

Челси моментно се наоѓа на петтото место во Премиер-лигата, пет бода зад четвртопласираниот Тотенхем.

Се вчитува...