Џејми Варди откри интересна анегдота од времето кога ја делел соблекувалната со Н’Голо Канте во Лестер Сити. Според поранешниот англиски репрезентативец, францускиот играч од средниот ред првично не планирал да игра за Франција, туку сакал да го претставува Мали, татковината на неговиот покоен татко.
Варди тврди дека Канте бил многу блиску до одлуката да игра за африканската репрезентација, но неговите соиграчи од Лестер се обиделе да го одвратат од идејата.
„На почетокот не сакаше да игра за Франција. Сакаше да го претставува Мали поради својот татко. На тренинг му рековме: „Што правиш, по ѓаволите? Франција ќе го освои Светското првенство! Оди играј за Франција!“ се присети Варди.
Канте на крајот го прифати повикот во француската репрезентација, а неколку години подоцна, зборовите на Варди се покажаа како вистински. Како еден од клучните играчи на „триколорите“, тој ја освои светската титула на Светското првенство во Русија во 2018 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
