Кантегрел не се снајде во Вардар, па се врати назад во Франција

Робин Кантегрел е најновиот ракометар на Вардар кој си најде нов клупски ангажман откако му беше кажано дека не се смета на неговите услуги за наредната сезона. Францускиот интернационалец пристигна како значајно засилување, но воопшто не ја оправда довербата на „црвено-црните“ и уште пред неколку месеци беше јасно дека Кантегрел ќе биде меѓу првите кои ќе го напуштат клубот летово.

По долго размислување, тој конечно ја избра својата следна дестинација – францускиот прволигаш Тулуз. Управата на овој клуб денеска го официјализираше трансферот, обелоденувајќи дека Кантегрел е потпишан на двогодишна соработка. Претходно, Иван Чупиќ потпиша договор со Загреб, неговиот сонародник Јотиќ кариерата ќе ја продолжи во бундеслигашот Лајпциг, додека Кристијан Дисингер по заминувањето од Вардар ќе се пресели во Романија, во таборот на Динамо Букурешт.

Покрај Кантегрел си замина уште еден голман, Марко Кизиќ од следната сезона ќе го брани голот на Еурофарм Пелистер, а најавено е доаѓањето на македонскиот репрезентативец Мартин Томовски од бундеслигашот Лудвигсхафен.

Се вчитува...