Славниот Фабио Капело го критикуваше Интер и тренерот на тимот, Кристијан Киву, за настапот во поразот од 1:3 од Наполи во дербито на Серија А во саботата навечер. Капело му беше тренер на Киву во Рома во сезоната 2003-2004.
Пред неколку дена, „нероаѕурите“ забележаа убедлива победа во Лигата на шампионите против Унион од Белгија со 4:0, додека во исто време „наполитанците“ беа поразени од ПСВ Ајндховен со 6:2. Сепак, сè брзо се сврти за тимот од „Диего Марадона“.
„Наполи – Интер беше одраз на ова првенство, во кое сè се менува многу, многу брзо“, рече Капело, за „Tutomercatoweb“.
„На крајот од натпреварот имав впечаток дека улогите се свртени: Наполи изгледаше како Интер што го гледавме до вчера – компактен и решителен тим кој не направил грешка од средината на септември. Интер изгледаше како Наполи на колена против Торино и ПСВ Ајндховен – неорганизиран, ранлив тим кој минува низ криза на идентитетот.“, изјави Капело.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

