Капитенот Ѓорѓиев доби принова – Се роди ќерката Викторија! (ФОТО)

Капитенот на одбојкарската репрезентација на Македонија, Никола Ѓорѓиев доби принова. Тој на социјалните мрежи сподели дека тој и неговата сопруга добија втора ќерка. Името на девојчето е Викторија, што воопшто не изненадува за фамилијата на еден од најголемите македонски победници, Никола Ѓорѓиев.

Претходно тој и сопругата ја добија и Марија која е една од најголемите фанови на нејзиниот татко.

Се вчитува...