Капитенот Талески се приклучи на подготовките на младите во Маврово

Младата репрезентација на Македонија се комплетираше на подготовките за настап на Светското првенство во Алжир, со приклучувањето и на капитенот Филип Талески денеска во Маврово.

Селекторот Илија Темелковски наредниве денови ќе може да смета на комплетните расположиви сили во финиширањето на домашните подготовки пред заминувањето за Доха каде на 10. и 11. јули ќе бидат одиграни два пријателски натпревари со соодветната репрезентација на Катар.

Темелковски конечниот список патници за Алжир ќе го соопшти во четврток, на кој ќе се најдат вкупно 16 ракометари.

Како што е познато, Македонија на СП 2017 во Алжир, кое стартува на 18. јули, е во група со Шпанија, Русија, Бразил, Тунис и Буркина фасо.

Се вчитува...