Капитенската лента на Роналдо на аукција за спас на шестмесечно бебе!

Капитенската лента на Кристијано Роналдо, што ја фрли во знак на револт по голот што не му беше признат на мечот помеѓу Србија и Португалија во Белград, е дадена на аукција за обезбедување на парични средства за спас на шестмесечниот Гаврило Ѓурѓевиќ. Несреќниот Роналдо и неговиот потег, ќе ја усреќат фамилијата Ѓурѓевиќ и судбината на нивниот син.

Драгоцената лента од раката на ѕвездата на Јувентус се најде на тревата на стадионот „Рајко Митиќ“, а била подигната од еден од работниците, кој решил истата да ја даде во хуманитарни цели. Малиот Гаврило боледува од спинална мускулна атрофија, за чие лекување се потребни два ипол милиони евра.

Аукцијата ќе трае три дена, а тој што ќе излицитира со најголема сума ќе ја добие капитенската лента на Роналдо, а парите ќе завршат на сметката предвидена за лечење на шестмесечното момче.

 

 

Се вчитува...