КАПИТУЛАЦИЈА: Шене го лобуваше двометрашот Куртоа (1-4)

Веќе нема никакви дилеми, „кралевите“ остануваат без европската круна, откако примија и четврти погодок на „Сантијаго Бернабеу“ од Ајакс.

Асенсио само за момент им даде надеж на досегашните европски шампиони, но сите бродови потонаа откако Шене изведе „скратен корнер“ од околу 25 метри, а двометрашот Куртоа ја комплетираше очајната вечер дозволувајќи да биде лобуван од оваа далечина, за убедливи 1-4 во корист на Ајакс.

Се вчитува...