Карабах е хит на сезоната во ЛШ, Њукасл лесно до бодовите во Белгија

Карабах е најпријатното изненадување на стартот од сезоната во Лигата на Шампионите откако оваа екипа по второто коло веќе собра шест бода. Тимот што во квалификациите ја елиминираше Шкендија во првото коло како гостин ја шокираше Бенфика, за вечерва да ја прослави и првата победа на домашен терен, овојпат против Копенхаген со 2-0.

Зубир беше стрелец на првиот гол на натпреварот, а домаќините не само што успеаја да се одбранат до самиот крај, туку и постигнаа втор гол, дело на Адаи во 82. минута.

Њукасл во првото коло загуби дома од Барселона, но премиерлигашот вечерва како гостин славеше над белгискиот првак Унион со 0-4. Волтемаде го продолжи одличниот старт на сезоната постигнувајќи нов гол за црно-белите, овојпат за водство од 0-1, на 0-2 од пенал зголеми Гордон, а во второто полувреме прецизни беа Гордон со уште еден пенал и Харви Барнс.

Се вчитува...