Карачиќ: Финале, тим против ѕвезди – победи тимот

ЕКИПА во Келн, 

Стеван Цаневски, Игор Паневски

Игор Карачиќ имаше минимална минутажа на овој фајналфор турнир, но хрватскиот бек долги години е дел од „црвено-црното семејство“, па не го криеше задоволството од најголемиот успех во својата кариера.

Пресреќни сме, секој ракометар сонува еден ден да му се случи вакво нешто, да стане европски шампион. Сметам дека го заслужуваме овој пехар, не само со она што го прикажавме во Келн, туку уште од самиот почеток на сезонава, играјќи врвен ракомет. Велеа дека сме биле први зошто бевме во послабата група Б, но еве, на патот до титулата ги победивме најдобрите тимови од групата А, најпрвин Фленсбург, потоа и Барса и ПСЖ. Што се однесува до самото финале, играа ѕвезди против тим, а кога тимот игра со срце против индивидуалци, секогаш победува колективот“ – истакна Карачиќ.

Се вчитува...