Одличното издание на Вардар во воведниот натпревар од четвртфиналната фаза од ракометната Лига на шампионите против Пик Сегед и убедливата победа со осоум гола предност ги стави лидерите на тимот Игор Карачиќ и Данаис Криштопанс во тимот на колото за првата половина од овој натпреварувачки сегмент.
Игор Карачиќ кој постигна осум гола на натпреварот против Пик Сегед е најдобар плејмејкер, а Данаис Криштопанс кој имаше идентичен број погодоци, но и вкупно беспрекорно издание, сосема заслужено го доби местото во тимот на колото како најдобар десен бек. Изборот на најдобриот тим според ЕХФ може да се погледне на следниот линк.
Реваншот од четвртфиналето во Сегедин, Вардар ќе го одигра на 5.мај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА