Карачиќ: Жално е ова… Нека овие момци останат запишани засекогаш во историјата!

Еден од најдобрите вардарови ракометари, Игор Карачиќ не можеше да ги сокрие солзите на прес-конференцијата по мечот повикувајќи ја спортската јавност во Македонија да ги запамети засекогаш овие момци кои го оставаат срцето за Вардар.

„Сите знаат што се случува во Вардар. Тешко е, и покрај сите тешки моменти во клубот оставаме срце за Вардар. Жално е што се збогуваме со скопската публика и затоа кај многу наши ракометари имаше солзи по мечот. Нека овие момци, на чело со капитенот Стоилов, засекогаш останат запишани со златни букви во историјата на македонскиот ракомет. Му благодарам и на тренерот Парондо кој на одличен начин не мотивира и води до овие успеси, а им благодарам и на колегите од ПИК Сегед кои иако знаат што се случува со нашиот клуб пред мечот воопшто немаше од нивна страна никакви провокативни изјави“ – истакна Карачиќ дополнувајќи дека целта на Вардар е сакако пласман на Фајнлфор.

„Секако одиме во Сегед со истата мотивација како и за денешниот дуел. Не не залажува резултатот, но ќе одиме повторно максимално подготвени и секако со јасна цел – пласман во Келн“.

Се вчитува...