Карагер: Челси е најдобар доказ дека фудбалот не е само за пари

Тешко е деновиве да си навивач на Челси. Тренерски смени, шест порази по ред во Премиерлигата, и далеку од местата кои носат во Европа. „Сините“ вчера на домашен терен загубија од Нотингем Форест со 1-3.

Поранешниот дефанзивец на Ливерпул, Џејми Карагер ја коментираше ситуацијата во лондонскиот клуб, кој претрпе осум порази во последните 10 меча.

„На теренот Челси имаше 5-6 врвни играчи, а загубија од вториот тим на Нотингем. Пред помалку од 12 месеци го уништија ПСЖ, а сега нема никаква врска помеѓу играчите и стручниот штаб и навивачите. На некој начин е добра работа затоа што покажува дека фудбалот не е само трошење пари и купување играчи. Клучот е во создавање единство, а тоа е ншто што го немаат во моментов. Изгледаат како распаднат клуб“, изјави Карагер.

Се вчитува...