Карагер: Клоп треба да ги одмори клучните играчи против Порто

Поранешниот фудбалер на Ливерпул Џејми Карагер, го советува менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп дека мора да се фокусира на освојување на Премиер лигата. Во пресрет на дуелот со Порто во четвртфиналето од Лигата на шампионите, Карагер смета дека Клоп треба да ги одмори клучните фудбалери.

„Клоп треба да се фокусира на Премиер лигата. Тој знае колку навивачите на Ливерпул ја сакаат титулата во домашното првенство. Премиер лигата е над се, барем кога е во прашање Ливерпул. Познавајќи го Гвардиола знам дека ќе излезе со најдобар тим за да стигне што подалеку во Лигата на шампионите. Мој совет сепак би бил да се одморат клучните играчи пред премиерлигашкото дерби со Челси“, изјави Карагер. 

Првиот натпревар меѓу Ливерпул и Порто, кој ќе се игра на „Енфилд Роуд“ на програмата е вечерва, со почеток во 21:00 часот. Во Премиер лигата „црвените“ од Енфилд се на првата позиција на табелата со два бода повеќе од Манчестер Сити, но и со натпревар повеќе.

Се вчитува...