Англискиот премиерлигаш Ливерпул летниот преоден рок го заврши со спектакуларен 140 милиони евра тежок трансфер на Бредли Баркола кој треба да ги врати Црвените во битката за трофеите, но поранешна легенда не верува во тимот.
Поранешниот капитен Џејми Карагер, смета дека со доаѓањето на Баркола од ПСЖ, Ливерпул не ги решил сите недостатоци, екипата има проблеми во одбраната и средниот ред и дека не е добро избалансиран тим.
„Главната задача во овој преоден рок беше да се реши ситуацијата со крилните позиции и Ливерпул донесе две крила. Баркола е вистинска ѕвезда и може да да се зборува за него како замена за Мохамед Салах, но на спротивната страна, екипата не доби вистинко десно крило. Разочаран сум, не сум сигурен што можеме да направиме со позицијата десно крило. Тимот не ми изгледа дека е балансиран, дури има недостаток од бекови и најверојатно му недостасува и играч во средниот ред, смета Карагер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
