Карантин и за фудбалерите на Интер

Даниеле Ругани е позитивен на коронавирусот, тоа е дефинитивно вонредна состојба за италијанскиот фудбал, а посебно за шампионот Јувентус. Дефанзивецот е префрлен на лекување, а сите соиграчи се во изолација. Но, не само Јувентус, туку карантин има и за Интер.

„Нероаѕурите“ во неделата го играа дербито против Јувентус на празен стадион во Торино, па според строгите мерки за заштита од коронавирусот ќе мора да ја минат процедурата за изолација. Мечот меѓу Интер и Хетафе од Лигата на Европа и официјално е одложен, а речиси сигурно УЕФА ќе го одложи и мечот на Јувентус против Лион во Лигата на шампионите.

Се вчитува...