Белгискиот интернационалец Јаник Караско ќе се врати во Европа по една сезона во Кина, а во трка за неговиот потпис влегува англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед. Менаџерот Оле Гунар Солскјер, кој доби тригодишен договор, би сакал да го види Караско на „Олд Трафорд“, но ќе мора да победи во наддавањето со Арсенал. „Топчиите“ исто така се сериозно заинтересирани за ангажман на офанзивниот играч за врска кој е член на Далијан.
Караско претходно настапуваше за Атлетико Мадрид и на 123 натпревари постигна 23 гол. Кариерата ја почна во белгискиот Генк, а играше и во дресот на Монако.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА