Кари го сруши Бруклин, Богдановиќ Филаделфија

Голден Стејт им се врати на победите откако славеше со 99-117 над Бруклин. Херјот на тимот од Калифорнија беше Стеф Кари кој имаше извонреден меч запишувајќи 37 поени, 7 скока и 5 асистенции. Дуото на домашниот тим Харден – Дурент мечот го заврши со 24 поени и 4 асистенции односно 19 поени и 5 скока.

Јута пак забележа победа со 35 поени разлика на домешн терен против Филаделфија (120-85). Најрасположен беше хрватскиот репрезентативец Бојан Богдановиќ со 27 поени и 6 скока. Него го следеше Кларксон со 20 поени и 7 скока, а во противничкиот табор Милтон постигна 18 поени и 4 асистенции.

На победа се радуваше и ЛА Клиперс кои славеа со 106-92 против Сан Антонио. Пол Џорџ беше на чекор до дабл-дабл учинок, завршувајќи го натпреварот со 34 поени и 9 скока. Него го следеше Џексон со 21 поен и 6 скока, а „ол-ароунд“ натпревар проследен со 26 поени, 12 скока и 9 асистенции кај гостите одигра Мари.

Се вчитува...