Кари ја има најкратката НБА кариера досега – 3,9 секунди во игра и без допир на топката

Кошаркарот Џејмсон Кари е играчот со најмалку одиграни минути / секунди во историјата на НБА лигата. Бекот роден во Северна Каролина во најсилната лига во светот има запишано само 3,9 секунди, без да ја допре топката.

Да, добро прочитавте – секунди. Тоа се случило на натпреварот помеѓу Клиперс и Бостон Селтикс во јануари 2010 година, а всушност за него тоа беше прв и последен пат кога настапил во НБА.

Кари доби „шанса“ на 3,9 секунди до крајот на третата четвртина и никогаш повеќе не се врати на паркетот. Тој немаше идеја дека ова ќе му биде последен настап во неговата НБА кариера, пред се поради неговиот лош неспортски живот.

Џејмсон беше талентиран играч, давајќи просечно 40 поени во средното училиште, дури и повеќе од Мајкл Џордан, кој исто така беше во таа федерална држава. Подоцна следувала покана за настап во познатиот колеџ на Северна Каролина, па тој успеал и да добие стипендија, но брзо завршил зад решетки откако бил уапсен заради продажба на марихуана во училиште.

Откако бил исклучен од тимот, му била одземена и стипендијата, па одлучил да се пресели во државата Оклахома.

„Биковите“ го подготвиле во 2007 година и го препратиле во развојната лига, но тој не престанал да прави проблеми ниту таму кога добил нова кривична пријава заради мокрење на улица. Чикаго се откажа, па Кари се обидел со францускиот Ортез, но се вратил во САД по само неколку натпревари, прво во Г-лигата, за да добие десетдневен договор со Клиперс.

Само два дена подоцна, му биле дадени 3,9 секунди, пред да биде отпуштен со „благодарница“ од 100.000 долари. Тој стигнал во Венецуела и Италија, и ставил крај на кариерата во 2014 година, кога бил уапсен уште еднаш за марихуана, но и за поседување пиштол и давање лажна идентификација, за што поминал четири месеци во затвор.

Се вчитува...