Кари недоволен за Голден Стејт, Милвоки и Сакраменто ја одбранија честа на домаќините

Кошаркарите на Голден Стејт загубија на свој терен од Сан Антонио со 107-112, и покрај одличната партија на Стеф Кари. Кари беше најефикасен играч на овој меч, но тоа не помогна тимот да го избегне поразот.

Сан Антонио уште на почетокот на мечот поведе, во еден момент имаа и двоцифрена предност. Меѓутоа домашните во финишот успеја да ја анулираат, но не и да дојдат до конечен пресврт на крајот. Пред крајот Голден Стејт дури имаше и водство, но Дерик Вајт погоди тројка за водство на Сан Антонио. Стеф Кари се обиде да му донесе на својот тим нова предност, но имаше две промашувања поради кои неговиот тим доживеа пораз. На крајот Кари заврши со 27 поени, додека во гостинскиот тим најефикасен беше Дерик Вајт со 25 поени.

Ноќеска доминираа гостинските тимови. Покрај победата на Сан Антонио, како гости победници излегоа и Чикаго во дуелот со Бруклун, потоа Мемфис го совлада Далас, а Бостон уфрли 145 поени на гостувањето кај Портланд. Само Милвоки и Сакраменто ја одбранија честа на домаќините, триумфирајќи над Мајами, односно над ЛА Клиперс.

РЕЗУЛТАТИ

Бруклин – Чикаго 107-111
Милвоки – Мајами 124-102
Далас – Мемфис 90-97
Голден Стејт – Сан Антонио 107-112
Портланд – Бостон 117-145
Сакраменто – Лос Анђелес Клиперс 104-99

Се вчитува...