Кари промашуваше кога беше најважно, Морант го казни Голден Стејт

Мемфис приреди изненадување откако по продолжение стигна до триумф на гостувањето против Голден Стејт (101-104). Голден Стејт имаше предност од 19 поени (37-18), но гостите со максимално мотивирана игра успеаја дасе вратат. Стеф Кари беше најефикасен на теренот со 36 поени, но извонредниот шутер потфрли кога беше најважно, промашувајќи ги клучните шутеви, најпрвин во завршницата од регуларниот дел од мечот, а потоа и во дополнителните пет минути. Херој на Мемфис беше Џа Морант, кој реализираше 30 поени, меѓу нив и последниот кош на мечот постигнат на 57 секунди до крајот.

Лука Дончиќ го предводеше тимот на Далас до триумф од 104-99 на домашен терен против Сан Антонио. Словенецот постигна 25 поени, надополнети со седум асистенции, а голема помош доби од „резервистот“ Брансон, кој реализираше 19 поени.

Чикаго го претрпе првиот пораз сезонава откако „биковите“ загубија на домашен терен од Њујорк со 103-104. Њујорк имаше водство од 13 поени на нецели три минути до крајот, Чикаго дојде на „минус еден“ и го имаше последниот напад, но обидот на Дерозан заврши непрецизно.

Резултати НБА:

Филаделфија – Детроит 110-102, Вашингтон – Атланта 122-111, Чикаго – Њујорк 103-104, Хјустон – Јута 91-122, Далас – Сан Антонио 104-99, Голден Стејт – Мемфис 101-104.

Се вчитува...