Кари: Сакам да ја завршам кариерата во Голден Стејт

Стеф Кари, легендата на Голден Стејт Вориорс во разговор за американските медиуми откри дека сака да ја заврши кариерата во тимот кој го одбра на драфтот во 2009 година. Оттогаш бекот се наметна како еден од најдобрите во историјата на првенството, а бројките сами говорат за успешноста.

Тој го предводеше тимот од Калифорнија до четири шампионски титули, два пати беше МВП, еднаш МВП на финалната серија, а никој во историјата на Вориорс нема одиграно повеќе натпревари, постигнато повеќе поени, остварено повеќе асистенции и украдени повеќе топки од Кари.

„Искрено не би сакам да го напуштам Голден Стејт. Сакам ова место да биде мојот единствен дом. Тука сакам да останам и кога ќе ја завршам кариерата. Тука „пуштив корења“ и секогаш за овој град ќе велам дека е мојот дом“, изјави Кари.

Се вчитува...