Кари со тројка во последната секунда ги згасна „сонцата“ (ВИДЕО)

Кошаркарите на Голден Стејт го совладаа тимот на Феникс на домашен терен, а херој беше Стив Кари кој погоди тројка во последната секунда, за победа на крајот од 113-112. Ова беше 10-та тројка за победа на Кари во кариерата.

Во текот на целиот меч, резултатот беше вртелешка, па двата тима се менуваа во водството, за на крај Феникс Санс влезе со предност од два поена. Но, во послендиот напад на Голден Стејт, беше блиску да ја загуби топката, меѓутоа Кари некако успеа да ја исконтролира, а потоа од поголема далечина да погоди за победа и шок за гостите кои останаа со празни раце.

Кари на крајот постигна 30 поени, а најефкасниот кошаркар дојде од гостинскиот тим во името на Букер кој уфрли 32 поени.

Неизвесно беше и во Орландо, каде што домашниот тим на крајот славеше победа над Чикаго, дури по продолженијата со 114-108. Германецот Вагнер ги предводеше Меџик до победа со 36 поени.

НБА, РЕЗУЛТАТИ

Бруклин – Сан Антонио 123-103
Шарлот – Мемфис 115-106
Орландо – Чикаго 114-108 (по продолженија)
Вашингтон – Филаделфија 113-119
Атланта – Хјустон 122-113
Њујорк – Индијана 111-125
Торонто – Кливленд 95-119
Голден Стејт – Феникс 113-112
Портлнад – Њу Орлеанс 84-93

Се вчитува...