„Карик ја прави истата грешка како Тен Хаг и Аморим“

Мајкл Карик кон крајот на ланската сезона беше опишуван како спасител на Манчестер јунајтед, поранешниот англиски репрезенттивец доби перманентен договор за предводник на „црвните ѓаволи“, но малку беше потребно за да излезе на површина неговото тренерско неискуство.

Јунајтед загуби во првото коло од Хал, викендов ремизираше со Евертон со примен гол во последните секунди, по што се појавија и првите посериозни критики на адреса на тренерот.

Поранешниот дефанзивец Гери Невил во својата емисија отворено го критикуваше Карик за честите промени во дефанзивната линија.

„Не можам да разберам една работа, зошто го вадите Лук Шо на пет минути до крајот. Се надевам дека не е повреден, но не верувам дека тоа е слчај. Зошто го повлекувате Дало на пет минути до крајот. Да бидам искрен, истото го правеа и Аморим и Тен Хаг, често правеа замени и ротации во одбранбената линија и знаеме што се случи со нив. За мене е едноставно – не може цело време да менувате во одбраната, особено кога сакате да задржите резултат. Можеби можете во Арсенал, каде Хинкапие ќе влезе место Калафиори, но Јунајтед има одбрана со Шо, Дало, Мегваер и Мартинез, без премногу квалитет на клупата. Oчигледни се проблемите во одбраната, веќе се примени шест гола во три рунди и не знам како Мајкл ќе го реши тоа, но факт е дека нешто мора да се преземе“, порачува Невил.

Се вчитува...