Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, не верува дека ќе добие отказ иако екипата бележи катастрофални резултати.
Во последните десетина дена, Манчестер Јунајтед доживеа три убедливи порази, од Комо во Лигата на шампионите (4:1), од Борнмут (3:0) во Премиер лигата и од Челси (2:0) исто така во Премиер лигата.
„Црвените ѓаволи“ утревечер на „Олд трафорд“ ќе играат против Рома во рамки на четвртото коло во Лигата на шампионите, а англиските медиуми тврдат дека во случај на неуспех, Карик би добил отказ.
„Не, воопшто не стравувам од отказ. Всушност, со нетрпение го очекувам утрешниот натпревар. Луѓето можеби ќе речат дека тоа е лудост, со оглед на резултатите, но што и да се случи потоа ќе се случи. Ги познавам фудбалерите, знам за што се способни. Тоа го покажавме во неколку случаи“, вели Карик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
